Вториот најголем купувач на американска нафта, Кина, целосно ја запре набавката на сирова нафта од САД, објави Ројтерс.Кина во август од Америка увезувала 334.880 барели нафта и по тоа била втор најголем американски купувач по Канада.
Прекинот на кинески увоз на нафта од САД се случува во момент на заострување на трговскиот судир на двете земји. Одлуката на Пекинг сега да оневозможи влез на американска нафта на пазарите личи на „нагол потег“, имајќи предвид дека „црното злато“ досега не било уцврстено ни на еден попис на стока која Кина возвратно ја царини при увоз од Америка.
Кина најмногу нафта купува од Русија (665 000 барели и ја плаќа во јуани), Саудиска Арабија и Иран. Каде „азискиот тигар“ сега би можел да побара замена за американските барели и како Вашингтон би можел да реагира на прекинот на претро-извоз е многу неизвесно.
Цената на нафтата во последните недели расте поради стравот на пазарите покрај јасните назнаки за рекорден раст на американските залихи, постојан глобален економски раст и солидна побарувачка – фактори кои во неки други времиња влијаеле на спуштање на цените на движечката сировина на светската економија.