Економија 23.05.2018 10:03

Кина не може да гарантира дека нема да има нови трговски тензии со САД

Кина не може да гарантира дека нема да има нови трговски тензии со САД

Кина соопшти дека не може да гарантира дека нема да има нови тензии со САД во трговијата, по изјавата на американскиот министер за финансии Стивен
Мнучин дека двете земји „ја ставија трговската војна на чекање“.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Лу Канг рече дека коментарите на Мнучин покажуваат дека двете страни се надеваат дека ќе ја избегнат „трговската војна“.
– Поради зголемената интеракција на двете земји, не можеме да гарантираме дека тие нема да влегуваат во нови конфликти во иднина, рече Канг.
Мнучин вчера изјави дека САД и Кина ја „ставаат трговската војна на чекање“ откако Пекинг објави дека ќе купи повеќе американски стоки. Двете земји не покажаа колкав напредок е постигнат за прекинување на трговскиот спор.