Кинеската централна банка најави дека е спремна да ослободи 700 милијарди јуани, односно 107 милијарди долари во финансискиот систем така што ќе ги намали лимитите на сумите кои мора да ги држат комерцијалните банки, пишува Си-Ен-Ен.
Овој потег, доаѓа кога Кинеската влада се справува со трговска војна со САД и ослабнувањето на економијата се случува побрзо отколку очекувано. Редукцијата ќе ги охрабри банките да инвестираат и позајмуваат пари на бизнисите. Ова е најавено за 5 јули, само еден ден пред да започне примената на царините и зголемените даноци на увезената роба меѓу САД и Кина во вредност од десетици милијарди долари.
Кинеската економија имаше 6,9% раст минатата година, според податоците објавени од владата.