Актуелно 19.06.2018 11:41

Кина воведува царини за САД

Кина воведува царини за САД

Кина се закани дека ќе воведе царини за увоз на нафта и нафтени деривати од САД, со што ќе биде погоден бизнисот кој порасна во последните две години, а кој сега вреди скоро една милијарда долари месечно. Ова е реакција на најавените царини од страна на САД, кои ќе бидат воведени на увозот на челик и алуминиум од Кина на 6 Јули годинава.

Извозот на нафта и нафтени деривати од САД во Кина, расте со голема брзина. Од вкупната потрошувачка на нафта и нафтени деривати во Кина, 5% се увезени од САД. Но до пред само 5 години, САД извезуваше во Кина само 1% од нивната вкупна потрошувачка на нафта и нафтени деривати. Значи се работи за перспективен бизнис кој во иднина би значел продлабочување на соработката меѓу Кина и САД, и тоа во корист на САД.

И тоа не е се, според Reuters Кина би можела да воведе царини и на други американски производи, со што дополнително би се искомплицирале односите меѓу двете земји.

Најнови вести