Економија 23.07.2018 20:49

Кина започна со антидампинг истрага за увозот на челик од Европа и Јужна Кореја

Кина започна со антидампинг истрага за увозот на челик од Европа и Јужна Кореја

Кина започна со антидампинг истрага за увозот на челик од Европа и Јужна Кореја, која според АП би можела да ги искомплицира напорите на Пекинг да ја добијат нивната поддршка во царинскиот спор против САД.

Кинеското Министерство за трговија објави дека ќе испитува дали некои производи од нерѓосувачки челик од ЕУ, Јужна Кореја, Јапонија и Индонезија се продаваат по несоодветно ниски цени и дали тие треба да бидат предмет на антидампинг давачки.

Ова соопштение доаѓа откако официјалниот Пекинг се обидува да добие поддршка од надвор во трговскиот спор со САД, кои ги зголемија царинските давачки за увоз на стоки од Кина поради наводна кражба на американската технологија.

Кинескиот производител на алуминиумски фолии, Шанту Ваншун, денеска објави дека ги тужи САД за удвојување на антидампиншките давачки, кои Вашингтон ги наметна на неговите пратки.