Извозот на пластичен отпад од Европската унија во Кина паднал за дури 96 проценти во почетокот на годинава, откако кинеските власти воведоа строга забрана за рециклирање туѓ пластичен отпад.
Досега, земјите на ЕУ транспортираа најголем дел од својот пластичен отпад во Кина, каде тој се рециклираше, но бидејќи се работи за исклучително валкана дејност, Кина реши да ја
забрани. Соочени со кризата, европските земји во изминатите месеци пласирале околу 60 проценти од својата отпадна пластика во погони за рециклирање во Малезија, Виетнам, Турција, Индија и Индонезија, но се уште немаат сеопфатно решение за проблемот. Кинеските компании плаќале од 20 до 40 евра за тон пластичен отпад од Европа, но поради забраната, пазарот е свртен наопаку, па сега европските отпади мораат да им платат на странските компании за рециклирање да им го земат отпадот.