Ќе го отворам прашањето за Уставот, зошто нашиот Устав не овозможува функционална држава, тоа го потврди и француската министерка која беше во посета на Македонија, вели професорката Гордана Силјановска Давкова, кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ гостувајќи на емисијата 360 на телевизија АлсатМ.
Таа праша дали може некој со пропадната држава да функционира.
-До сега нашиот Устав и 36 амнадмани не се занимавааат со клучните прашања. Не велам дека во еден мандат не може да се направи тоа. Но може да се соберат македонските и меѓународните експерти по уставно право и да го разгледаат тоа. Начело на поделба на власта е погрешно поставена, рече Силјановска.
Според неа треба да има рамнотежа на трите власти или ако едната нема доверба, тогаш паѓа и другата.
-Ако нема рамнотежа тогаш не се функционира или што е со поделба на извршанат власт каде претседталот во склучување на меѓународните договори. Или ова во контекст на Договорот од Преспа каде е претседателот? Правен меѓународен експерт вели дека ако двете страни знаеле дека не постапуваат согласно правото тогаш делата се ништовни. Напаѓањето на Договорот може да е и внтрешно, ама ние немаме Уставен суд кој постапува согласно правото, вели Силјановска.