Актуелно 15.01.2019 13:27

Ќе се менува обвинението за настаните од 27 април, судењето одложено

Ќе се менува обвинението за настаните од 27 април, судењето одложено

„Постои пречка за рочиштето да продолжи се додека одлуките за лицата за кои беа одбиени барањата за амнестија не станат правосилни. За обвинетиот Горан Ѓошевски Леви решението е со печатни грешни и е вратено повторно во судот. Следното рочиште ќе продолжи на 21 јануари за кога се надевам дека решенијата ќе бидат правосилни”, рече Кацарска.

Полната судница во која до пред Нова Година седеа 32 обвинети, денес беше полу празна. На денешното рочиште во судница имаше осум обвинети лица, а останатите кои се во притвор не беа спроведени бидејќи судијката Кацарска знаејќи дека нема услови за одржување на денешното рочиште, ги отповикала наредбите за спровод до Истражниот затвор во Шутка.

Во судница на денешното рочиште беа присутни само обвинетите Митко Чавков, Мунир Пепиќ, Горан Ѓошевски Леви, Митко Пешов, Душко Лазаров, Оливер Радулов, Игор Дурловски и Абдулфета Аљими.

Дел од обвинетите на кои им беа одбиени барањата за амнестија не сакаа да коментираат пред медиумите за донесените одлуки од судот.

За обвинителниот акт кој сега наместо 32 лица, ќе брои 17 судијката Кацарска нагласи дека со оглед на околноста дека ќе има измени во обвинението, и остави на одбраната време да се подготви за завршните зборови.

Обвинителката Рускоска нагласи дека ќе изготви примероци од изменетото обвинение за бранителите.

Следното рочиште треба да продолжи со завршни зборови на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Во рамки на доказната постапка беа сослушани околу 50 сведоци, како и еден загрозен сведок, на чие сведочење беше исклучена јавноста. Како сведоци беа сослушани актуелниот премиер Зоран Заев, министерот Дамјан Манчевски, поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, владиката Пимен и други.

Позитивно мислење по барањата за амнестија, добија пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Јохан Тарчуловски и љупчо Димовски, организаторите на иницијативата „За заедничка Македонија” Богдан Илиевски, Владо Јовановски и Борис Дамовски, вработените во кабинетот на тогашниот собраниски спикер Иван Цветановски и Елена Доцевска-Божиновска, браќата Младеновски кои први открија детали за организацијата на крвавиот четврток и Захарије Симовски, Илија Славевски и Митре Питроповски од патриотските здруженија.

Обвинетите Митко Чавков, Душко Лазаров, Игор Дурловски, Јане Ченто и Игор Југ не побараа амнестија.

Извор: МКД.МК

Најнови вести