Економија 15.12.2018 13:47

Ќе се покачи минималната плата

Ќе се покачи минималната плата

На 21 декември шпанската влада ќе ја покачи минималната плата за 22 отсто, односно на 900 евра, денеска изјави шпанскиот премиер Педро Санчез.

Покачувањето, кое ќе стапи на сила во јануари, беше договорено со партијата „Подемос“ како дел од напорите на социјалистичкиот премиер да обезбеди поддршка за буџетот за 2019 година кој треба да биде усвоен во парламентот.

Растот на платите, за кој се очекуваше официјално да се одлучува на 28 декември, ќе биде одобрен со декрет, за што Санчез рече дека е знак дека неговата влада сака да го зголеми „просперитетот за сите територии“.

Санчез контролира помалку од една четвртина од местата во парламентот, па затоа, за усвојување на буџетот му се потребни гласовите на помалите партии.