Компании,Мозаик 11.01.2019 18:07

Paradores од Шпанија од почетокот на годинава започна со користење на обновливи извори на енергија

Paradores од Шпанија од почетокот на годинава започна со користење на обновливи извори на енергија

Хотелскиот бренд Paradores од Шпанија од почетокот на годинава започна со користење на обновливи извори на енергија, пишува Guardian. Paradores ќе ги користи еколошките извори на енергија како сончева, геотермална и биомаса. Брендот вклучува вкупно 97 објекти, како мега хотели сместени во древни замоци и манастири.

Хотелскиот синџир, којшто е стар 90 години, потпиша договор со шпанскиот комунален гигант Endesa со цел енергијата што ќе се користи во објектите да доаѓа од проверени “зелени“ извори. Paradores започна со работа во далечната 1928 година и вклучува повеќе од 10.000 соби и 4.000 вработени како хотелски персонал.