Мозаик 12.11.2018 19:36

Жителите на ова мало село најмногу профитираат од местата за паркирање

Жителите на ова мало село најмногу профитираат од местата за паркирање

Во француското селото, Ле Перт, кое се наоѓа недалеку од границата со Шпанија, живеат околу 586 жители.

Жителите на ова село профитираат само затоа што истото се наоѓа на границата со Шпанија. Така, жителите од околните региони стигнуваат до селото, ги паркираат автомобилите и потоа пеш одат во Шпанија. Таму купуваат храна, апарати за домаќинство, облека и сè што можe да се најде по поевтини цени отколку на француската страна.

Така, жителите на ова мало село најмногу профитираат од местата за паркирање.

Најновите статистички податоци покажуваат дека ова село остварува приход од 780 илјади евра од паркинг местата, што е околу 1.350 евра по глава на жител.

Поради ова, општинските власти одлучиле да го укинат данокот за жителите на селото. Треба да се напомене дека оваа година граѓаните морале да платат над 320 илјади евра во данок на имот, па ваквата одлука многу позитивно ќе влијание врз нивните животи. Одлуката наскоро и официјално ќе стапи на сила и профитот од паркингот ќе ги плати даноците на населението, додека пак со вишокот пари ќе бидат реновирани училиштето, паркот и медицинскиот центар.