Актуелно 06.09.2018 22:04

Ќулафкова револтирана зошто не се доделуваат стипендии за студенти за Катедрата по македонски јазик и македонска книжевност

Ќулафкова револтирана зошто не се доделуваат стипендии за студенти за Катедрата по македонски јазик и македонска книжевност

Академик Катица Ќулафкова револтирана од последните случувања со доделените стипендии и скандалот со доделувањето на стипендија во вредност од 40.ооо евра на ќерката на министерот за надворешни работи Никола Тодоров на својот твитер профил објави зајадлив твит во кој ја прашува Владата на Р.Македонија дали е невозможна мисија да се доделат стипендии за студенти за Катедрата за македонски јазик и македонска книжевност. Воедно таа прашува за отворање на работни места за асистенти и доценти на тие национални катедри. Во понатамошната дискусија таа револтирано ги коментира политиките за вработување нарекувајќи ги ,,рамковни лежилебарки,, вработени според рамковниот договор, додека од друга страна има сотојба која долго трае на девастирање на македонските културни институционални носачи, што таа го опишува со следните зборови: „Со децении ни денар за учество во меѓународните проекти за лингвистички атласи, ни 1 примен научник во Институт за македонски јазик“