Актуелно 20.03.2019 23:03

Ќулавкова: Доколку МАНУ се преименува, тогаш ќе се обезличиме пред целиот свет

Ќулавкова: Доколку МАНУ се преименува, тогаш ќе се обезличиме пред целиот свет

Академик Катица Ќулавкова во вечерашното гостување во емисија Само вистина на Канал 5, праша ако е точно дека со Преспанскиот договор потпишан од Владата на СДСМ се зацврстил идентитетот тогаш зошто Македонската академија на науките и уметностите треба да го промени своето име.

Ако е точно дека ние сме го зацврстиле идентитетот, тогаш зошто ние треба да го смениме името на МАНУ, праша Ќулавкова.

Таа смета дека акронимот МАНУ не смее никако да се промени бидејќи преку тоа име е позната институцијата и дека доколку тоа се направи тогаш Македонската академија на науките и уметностите тотално ќе се обезличи пред целиот свет.

Јас мислам дека ние акронимот во никој случај е смееме да го смениме бидејќи МАНУ е симбол на таа институција кој не претставува во цел свет и навистина ќе се обезличиме тотално како институција ако сега тука нешто менуваме, рече Ќулавкова.

Според нејзе само македонски народен театар останал со стариот назив, бидејќи во државата има Албански и Турски театар.

Од сите нaционални установи го задржа називот „македонски“ само Македонскиот национален тетатар само затоа што како пандан, значи паралелно има Албански и турски театар, вели таа.