Мозаик 01.11.2018 12:33

Кога жената е сакана на вистинскиот начин, таа може да направи сѐ

Кога жената е сакана на вистинскиот начин, таа може да направи сѐ

Кога една жена е сакана на вистинскиот начин, нејзините ѕидови почнуваат да се рушат. Тогаш дозволува најдобрите делови од неа да излезат на површина и едноставно да блесне.

Таа се чувствува доволно безбедна за да биде она што е. Таа ќе го цени мажот кој ќе ѝ покаже дека може да има доверба во него. Таа ќе ги цени неговите напори и двојно ќе му возврати. Кога тој ќе ѝ го даде она што ѝ е потребно, таа нема проблем да даде уште повеќе.

Кога една жена е сакана на вистинскиот начин, таа станува уште посилна. Таа е силна и кога е сама, но чувството дека е сакана ќе го истакне тоа уште повеќе. И иако е независна, ќе ѝ олесни сознанието дека има рамо на кое може да се потпре. Некој кој цврсто ќе ја држи низ сите сончеви денови и бури во животот.

Кога една жена е сакана на вистинскиот начин, таа слободно ќе кажува што мисли. Порано ја направила грешката да се смалува себеси и да ги чува чувствата во себе и знае дека тоа само ги влошило работите. Но, сега работите се поинакви. Ако е навредена или се почувствува повредена, нема да молчи, ќе го каже тоа на глас. И очекува и човекот покрај неа да го прави истото, затоа што е свесна дека не е совршена и знае дека не чини работите да се буткаат под тепих. Комуникацијата е клучот за сѐ.

Кога една жена е сакана на вистинскиот начин, таа ќе биде мотивирана да биде најдобра што може! Отровните врски во минатото ѝ одземаа премногу енергија и емоционално ја истоштија. Пробаа да ѝ ги скратат крилјата, пробаа да ѝ ја разнишаат самодовербата. Силна и здрава врска ќе направи да лета.

Кога една жена е сакана на вистинскиот начин, таа ќе го покаже својот максимален потенцијал. Ќе ја добие поддршката која отсекогаш ѝ била потребна. Покрај неа ќе има некој кој ќе ја надополнува, а не некој кој ќе ја понижува. Некој кој верува во неа и знае дека може да успее. И поради тоа, таа ќе биде слободна да работи на себе и ќе биде 100 пати похрабра и поиздржлива. Покрај него ќе има чувство дека владее со светот.

Кога една жена е сакана на вистински начин, таа секаде со себе носи среќа и радост! Кога вистинската љубов ќе чукне на нејзината врата, таа ќе почувствува топлина во себе. Таа ќе сјае и ќе блеска од сета љубов што ја добива. Сето внимание, сето слободно време, пораките и повиците ќе бидат нешто најнормално и најприродно.

И затоа, кога една жена е вистински сакана, тоа може да се прочита на нејзиното лице преку сјајот во нејзините очи. Таа ќе биде искрено среќна и ќе ја споделува таа среќа со сите околу неа.