Економија 05.09.2018 19:19

Кој би поверувал: Србите им го спасија туризмот на Хрватите и добро заработија

Кој би поверувал: Србите им го спасија туризмот на Хрватите и добро заработија

Егзодусот на луѓето од Хрватска во Западна Европа е шанса која Србите ја искористија за да им го спасат туризмот, но и да заработат по 5000 евра во сезона.

Сето ова доведе до пад на невработеноста во Србија.

Уште пред сезоната угостителите алармираа дека немаат работници, а туризмот е гранка од која зависат.

Но, на Јадранот имаше и предупредувања за туристите дека по пијалокот мора сами да дојдат на шанк затоа што работници нема.

На приморје се заработуваат од 500 до 2000 евра плата.

Пред сезоната се коментираше дека има слободни 70.000 работни места.

На Јадранот работат луѓе од Врање до Белград, Сомбор, Нови Сад.

Србите во одредени градови се во лоша економска состојба и добиваат минимална плата од 200 евра.