Актуелно 26.07.2018 11:07

Кој е следниот што ќе биде избоден до смрт? Спасовски нема капацитет да се справи со насилствата во Скопје

Кој е следниот што ќе биде избоден до смрт? Спасовски нема капацитет да се справи со насилствата во Скопје

Црната хроника ги наполни медиумите, а сцените во Скопје се почесто наликуваат на сцени од вестерн филм чиј дејствија се одвиваат на дивиот Запад.

Имено, вистински хорор преживеало 20-годишно момче од Скопје откако 3 маскирани разбојници во доцните вечерни часови влегле во неговиот дом. Според информациите кои ги објави министерството за внатрешни работи, момчето го пријавило настанот во полицијата на која и раскажало дека ноќеска во 2:30 часот неколку маскирани лица влегле во неговиот дом да го ограбат. Разбојниците покрај тоа што го ограбиле момчето, повеќе од 10 часа се иживувале врз него и го прободеле со остар предмет. Пред да си заминат разбојниците од неговиот стан одзеле, лап топ, мобилен, телефон и пари. Младото момче откако пријавило во полицијата било со возило на Итната помош префрлено во Ургентниот центар.

За жал ова не е изолиран случај, а убиствата и престрелките по скопските улици станаа секојдневие, граѓаните се плашат за своите и животите на своите најблиски.

Да се потсетиме дека само пред неколку дена момче беше избодено во пределот на ногата од непознати напаѓачи, на што му претходеше настанот во март месец кога малолетник беше прободен со нож на автобуската постројка „Рекорд“ додека се враќаше од училиште, а минути го делеа од смртта.

За жал пред само две недели почина и младиот Никола Саздовски Саздо, кој беше претепан и брутално убиен од тројца напаѓачи од кои едниот од напаѓачите се уште е во бегство.

Досега не е пронајден ниту пак убиецот на фудбалерот Мартин Јанушев кој мафијашки беше застрелан пред својот дом.

Трагично е што во изминатиот период од година дена има речиси 10-тина убиства во Скопје и околината кои се уште не се расчистени, а за дел од нив не се пронајдени ниту сторителите.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати повикуваше на поголема ажурност на органите на прогонот, и апелираше Спасовски како министер да запре со релативизирањето на влошената безбедносна состојба, бидејќи на тој начин дава ветер во грбот на криминалците, очигледно продолжија со своите криминални активности.

Курир.мк

Најнови вести