Во јули просечната заработка во Црна Гора изнесувала 508 евра.
Но, повисоки плати од просечните земале вработените во секторите снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и тоа 845 евра.
Во информации и комуникации земале во просек 690 евра, вадење руда и камен 689 евра, работа со недвижнини 679 евра.
Во државната управа и одбрана земале под 600 евра, 587 евра во задолжително социјално осигурување, 562 во здравствена заштита, 533 во сообраќај и складирање, 545 во шумарство и рибарство. По 485 евра земале вработените во образование.