Командант соколи еден од осудените за случувањата во Диво Насеље, кој во моментот се наоѓа во затворот Шутка, ги прекршил своето молчење и реагираше во врска со инцидентот кој пред неколку дена се случи во затворот, каде што беа претепани некои партиски функционери.
Командант Соколи вели дека за се она што направиле “ќе платат денес или 100 години”, пренесува инфошкип.
Во прилог еве ги зборовите на командантот Соколи:
„Прво сакам да ставам до знаење дека ние не сме кукавици, додека ти со твоите сопартијци не си ништо друго освен едно парче шовенист. Што се однесува на тепањето на вашите сопартијци, поранешните министри на Груевски тие се полоши од оние проститутки, барем тие се обиделе да пружат отпор.
Сега, во врска со нашиот случај во јавноста познат како “Диво Насеље“, ние влеговме за правата на нашите сонародници, се случи она што се случи, но ние не сме лоши, се боревме колку што можевме и се предадовме како резултат на гаранциите на ОБСЕ , за коректно однесување од страна на органите на редот во вашата држава.
Сега ќе ви ги откриеме причините за конфликтот со вас, шовенисти на ВМРО-ДПМНЕ:
- Груевски со своите соработници извршил егзекуција на 4 лица од нашата група, и за ова ќе плати денес или по 100 години.
2. Ние се предадовме со гаранции, тие со маски што не тепаа ќе платат денес или по 100 години.
3. За време на транспортот до Судот бевме систематски малтретирани од специјални полициски единици, кои исто така беа командувани од овие политички проститутки на вашата партија.
4. Вие осудивте надвор од секој нормален критериум, исто така со одлука на политичките проститутки на вашата партија.
И сега, за крај, ние неколку пати сме ви рекле и во судницата, убијте не и можеби ќе се затвори проблемот, зошто инаку овие однесувања што ги спомнав погоре нема да ви ги простиме никогаш, и ако си вмешан и ти, ова важи и за тебе лично. Сами Укшини СОКОЛИ“