Банкарство 21.04.2018 11:32

Комерцијална банка се придружи на најголемото хумано движење во светот „Pay it Forward“

Комерцијална банка се придружи на најголемото хумано движење во светот „Pay it Forward“

Комерцијална банка АД Скопје како општествено одговорна компанија се придружи на иницијативата на женската хуманитарна организација Inner Wheel Club Skopje Europea, која од минатата година е промотор на светското движење „Pay it Forward“ (Продолжи понатаму). Целта на движењето е да се поттикнат повеќе од 10 милиони чинови на добрина во светски рамки!

Pay It Forward функционира на начин што поттикнува да направите неколку добри дела за различни луѓе и од нив да не барате ништо за возврат, односно единствено треба да побарате и тие понатаму да направат неколку добри дела за други луѓе. При тоа, на оној за кој сте направиле добро дело му давате картичка која тој понатаму ја дава на оној за кој ќе направи добро дело, така што таа картичка патува помеѓу луѓето со секое направено добро дело. Патот на картичката нема конкретна патека, ниту правила кога и каде треба да оди или да заврши. Сè зависи од добрата волја на луѓето и нивната желба за хуманост и љубезност.

Со промоцијата на KomPay волонтерите и вработените во Комерцијална банка покажаа како на дело функционира „Продолжи понатаму“, па така волонтерите и помогнаа на жена со дете да се справи со товарот кој го носеше во раце и и дадоа картичка на која и таа ќе треба да ги одбележи своите добри дела и да ја даде понатаму. Одговорното лице во киното Cineplexx на волонтерите им подари пуканки и им даде картичка за продолжување на добрите дела. На овој начин вработените во Комерцијална банка АД Скопје започнаа една нова општествено одговорна иницијатива, која треба да прерасне во традиција.

Подржувачите на движењето „Pay It Forward“ веруваат дека едно добро дело можеби не изгледа многу, но ако сите направиме нешто добро за другиот, а потоа циклусот на дарежливост и добрина се мултиплицира, може да предизвика да станеме подобри луѓе, а светот поубаво место за живеење.