Актуелно 21.02.2019 18:32

Комисијата утре ќе расправа за имунитетот на Вељаноски

Комисијата утре ќе расправа за имунитетот на Вељаноски

Барањето за одземање на пратеничкиот имунитет на поранешниот спикер Трајко Вељаноски е вратено од скопскиот Кривичен суд во Собранието на Република Северна Македонија, и претседателот на Собранието, Талат Џафери го доставува до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања со претседава пратеникот, Павле Богоевски, потврдија од собраниската прес – служба.

Поради повикување на погрешен член од законот, претседателот на Собранието Џафери денеска го врати до Кривичниот суд барањето за одземање на пратеничкиот имунитет на поранешниот спикер Трајко Вељаноски.

Првото барање од Кривичниот суд во Скопје за одземање на пратеничкиот имунитет на Вељаноски, стигнало денеска околу пладне во Собранието на Република Северна Македонија.

Според Деловникот, Комисијата е должна да го разгледа барањето и во рок од два дена да достави извештај до претседателот на Парламентот.

По добиениот извештај од Комисијата, Собранието најдоцна во рок од три дена треба да одлучува за барањето на судот на пленарна седница. Одлуката за одземање на имунитетот се носи со просто мнозинство од вкупниот број на пратеници.