Актуелно 23.11.2018 11:56

Костадинов по постапките на неговиот шеф Заев, во емисија сам се демантира

Костадинов по постапките на неговиот шеф Заев, во емисија сам се демантира

На почеток на емисијата на „Само Вистина“, портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов започна да се фали дека во државата се оди во најдобар ред дека правната држава започнала со самото доаѓање на власт на СДСМ.

-Постапувањето на судството само докажува и претставува доказ дека во Македонија функционира правната држава. Зошто го зборувам тоа ние сме сите свесни дека во периодов сме под лупа буквално на ЕУ. Кога зборуваме за правна држава значи дека секоја институција има свои надлежности и има свои одговорности, објаснуваше Костадинов.

Но откако водителката на „Само Вистина“ го запраша портпаролот на СДСМ дали условите во судот и затворот не се во ред, дали има политички прогон, заканувања, тој збунето започна да се правда дека за 18 месеци не може се да се среди во државата.

-Но навистина не разбирам за кои услови зборуваме, за тие што ги остави ВМРО-ДПМНЕ и сега ние очекуваме за 18 месеци наеднаш се да биде средено, се да воспоставиме во ред, искрено не знам за што зборуваат и за што се тие обвинувања. И она што можам најодговорно да го кажам дека Никола Груевски не може на тој начин да побегне од соочување со правдата, се правдаше Костадинов.