Економија 26.03.2019 10:13

Костовски: Ситуацијава со економија не е розова, изговорите на Заев се смешни

Костовски: Ситуацијава со економија не е розова, изговорите на Заев се смешни

Во емисијата „Тренд анализа“ гостуваше Трифун Костовски кој рече дека изговорите на премиерот дека бил посветен на решавање на името, а немал време за економија, се смешни.

-За прашањата за економија не треба да биде изговор на премиерот бевме посветени на прашање за името, и сега ќе се посветат на економијата. Ви се молам влада од 24-25 министри, заменици министри, вицепремиери да нема кој да ги води тие работи, се малку смешни, потенцира Костовски.

Костовски истакна дека ситуацијава со економија не е розова.

-Говориме за просечна плата од 500 евра, таа плата треба да се заработи, треба да се направат тие пари. Треба да се вложи ум и напори. И да се инвестира  во нешто што се вика потенцијал, прво човечки кадар, второ идеи и како тоа да го направиме бидејќи  свесни сме дека парите на гранка или на дрво не раснат. И не паѓаат одозгора, туку треба да се заработат. Ако граѓаните очекуваат со влегување во НАТО и ЕУ дека овде ќе биде се мед и млеко тоа се најголемите лаги. Затоа сакам да упатам една работа помалку избори, помалку зборување, повеќе работи, нагласи Костовски.