Британската кралица Елизабета Втора во божикнаата порака истакна дека се надева оти постигнала одредена количина мудрост за време на своите 92 години.
Некои култури веруваат дека долгиот живот носи мудрост. Јас би сакала да верувам во тоа. Можеби дел од таа мудрост може да се препознае во некои од животните парадокси како тоа човечките битија имаат огромна склоност кон доброто, а сепак и капацитет за зло“, рекла кралицата Елизабета во однапред снимената божикна порака.
Таа во повесел тон рекла дека 2018 година била многу богата за нејзиното семејство, со две венчавки, две нови бебиња и уште едно бебе што треба да се роди в година.
Тоа ја држи бабата многу зафатена“, додала кралицата.
Годишната порака била многу емотивна во повеќето од 53-те земји на Комонвелтот по службата во црквата во кралскиот имот, на која присуствуваа кралицата и членовите на кралското семејство.
Кралицата дошла со лимузина до црквата „Света Марија Магдалена“, а младите членови на семејството дошле пеш. Ги предводел принцот Чарлс, а следеле синовите принцот Вилијам со сопругата Кетрин и принцот Хари со сопругата Меган. На службата не присуствуваше 97-годишниот сопруг на кралицата, принцот Филип, кој се повлече од јавниот живот. Не беше присутна ниту сопругата на Чарлс, Камила, која закрепнува од настинка. Дома останаа и трите деца на принцот Вилијам и Кејт.