Актуелно 16.11.2018 19:30

Критично ќе расте јавниот долг: Тевдовски најави ново зголемување на долгот од 600 милиони евра

Критично ќе расте јавниот долг: Тевдовски најави ново зголемување на долгот од 600 милиони евра

Министерот за финансии Драган Тевдовски смета дека Владата успешно управува со јавниот долг и оти очекува тој следната година да се заврши под проектираното ниво од 54,2 проценти или не повеќе од 600 милиони евра нов долг.

– Работиме на стабилизирање на јавниот долг. Тоа го правиме со намалување на буџетскиот дефицит, кој и сега е намален. На крајот на 2018 година имавме проекција дека ќе биде 50 проценти јавниот долг од БДП, но во суштина тој е 48,2 проценти. Нашата проекција за следната година е 54,2 проценти, но наша проценка е дека тој ќе биде понизок, рече Тевдовски на денешната прес-конфернеција во Владата на која заедно со премиерот Зоран Заев го презентираа Предлог-буџетот за 2019 година.

Според него, 54,2 проценти е максималната проекција и дека таа ќе зависи од реализацијата на капиталните проекти, а кај кои се очекува позабрзана реализација.