Благодарение на научниците и нивните напори да се разберат човечко-кучешките односи на едно подлабоко ниво, ние сега имаме повеќе одговори на оваа тема.
Научниците докажале, “Не само што кучињата нѝ ја возвраќаат љубовта, туку тие навистина нѐ гледаат како свое семејство. Излезе дека кучињата се потпираат на луѓето повеќе отколку што тоа го прават со својот вид.”
Кучињата го разбираат светот преку носот. Значи, научниците од Универзитетот Емори спровеле истражување за обработка на мирисот во мозокот на кучињата. Тие ги обучуваат кучињата да бидат многу мирни за да можат да направат снимање на мозокот со МНР, додека им претставуваат непознати и познати мириси.
Она што го откриле кога кучето го осетило мирисот на својот сопственик, е дека центрите во мозокот на кучињата се запалиле како огномет за дочек на Нова година. Се покажало дека тие ги филтрираат мирисите, а приоритет им се мирисите на нивните сопственици.
Друго истражување (кое е спроведено од страна на Eötvös Loránd, Универзитет од Будимпешта), а врз основа на вокалната комуникација меѓу кучињата и луѓето, открило дека емотивно тешките звуци на сличен начин се обработуваат кај двата вида.
Главниот автор на истражувањето, Atila Andics рече:
“Многу е интересно дека го разбереме алатот кој ја помага успешната вокална комуникација помеѓу двата вида. Не нѝ требаше истражување за да видиме дека комуникацијата меѓу кучињата и луѓето функционира, но без неа, не разбравме зошто.”
Andics истакна нешто интересно и убедливо што родителите или старателите на кученцата, секако, добро го знаат:
“Кучињата се единствениот вид кои кога се исплашени, загрижени или вознемирени, трчаат по сопствениците барајќи удобност и безбедност, исто како што прават децата. Тие се, исто така, единствениот вид кој бара контакт со очите со своите сопственици.”
Луѓето секогаш ги гледале кучињата како свое семејство, но сега е дефинитивен доказ дека и кучињата гледаат на луѓето како на своето семејство.