Долгот на државата никогаш не бил поголем. Јавниот долг за прв пат ја премина границата од 5 милијарди евра. Државниот долг за прв пат ја премина границата од преку 4 милијарди евра, вели Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ.
-За само 3 месеци успеаја да ја задолжат државата над 300 милиони евра или секој ден по 3 милиони евра. Задолжувањето за свое лично покривање на расипништвото и неспособноста го реализираше криминалниот картел во Владата. Економското цунами Заев, Анѓушев и Тевдовски ја упропастија економијата во државата и ја однесоа на работ на банкрот. Народната вели – Кој лаже, тој и краде. СДСМ лажеа дека ќе го намалеле задолжувањето и ќе штеделе пари. СДСМ лажеа дека со парите од задолжувањето ќе покривале стари долгови, рече таа.
Кузмановска потенцира дека СДСМ лажеа дека државниот Буџет е празен и дека дополнително ќе реализираат инфраструктурни и капитални проекти.
-СДСМ лажеа и дека ќе постават бројчаник на Триумфалната капија кој ќе ја покажува состојбата на долгот и колку таа е намалена. Реалната ситуација е дека за само 3 месеци долгот е пораснат за дури 300 милиони евра. Да беше поставен бројчаникот ќе прегореше за само 3 месеци. По само една година власт од страна на СДСМ, нема реализирано ниту едно ветување. Повисоки плати нема, повисоки пензии нема, повисоки стипендии нема, инфраструктурни нови проекти нема, намалување на цената на потрошувачката кошничка нема. 500 евра просечна плата и 100.000 денари плата за докторите останаа само мисловна именка. Додека пак, државата тоне во криминал и корупција, а економијата пропаѓа, фамилијарните бизниси на Заев и Анѓушев цветаат. Граѓаните се сведоци на енормното богатење на фирмите на Заев и Анѓушев, матни зделки со РЕК Битола и лични бизниси на грбот на граѓаните. Затоа, оваа ненародна и профитерска Влада мора да си замине веднаш, порача Кузмановска