На дебатата присуствуваа :
-Благица Ласовска, в.д Претседател на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието на Република Македонија,
-Анита Ангелевска, Претседател на комисија против родовото базирано насилство на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ
-Александра Цветковска, Претставничка на Националниот демократски институт (NDI) Претставник на Македонското женско лоби
-Савка Тодоровска, Национален совет за родова рамноправност – СОЖМ
-Елена Димушевска, Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство,
и други жени претставнички од општествениот, културниот и политичкиот живот во Република Македонија.
Претседателката Ласовска во своето обраќање пред присутните ги истакна заложбите на Унија на жени против секаков вид на насилство против жените и девојчињата и ја истакна поддршката што ќе им биде давана во нивната борба против насилството.
– “Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ потврдува дека застанува против секој вид на родово насилство. Во оваа прилика сакаме да нагласиме дека даваме поддршка на секоја жена во нивната борба против насилството. Насилството врз жените треба да се препознае како огромен проблем во општеството наместо да се игнорира. УЖ заедно со сите граѓански организации ќе продолжи да работи но и воедно се обврзува преку законски решенија да ја подобриме положбата на жената во општеството. Жените жртви не ја добиваат потребната заштита од институциите. Треба уште многу да се работи и да се бориме против сите форми на насилство“ рече Ласовска.
Анита Ангелевска, Претседател на комисија против родовото базирано насилство на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ во своето излагање кажа дека иако факт е физичката различност помеѓу мажите и жените во општеството сепак стереотипите мора да се сменат.
– “Неоспорен факт е дека мажите и жените се различни. Општеството наметнува стереотипи во однос на жената и тоа треба да се смени. УЖ се залага за родова еднаквост и повеќе права за жените. Ние сме подготвени и спремни сме да се бориме против секаков вид на насилство. Ние сме против секој вид на родово базирано насилство“ кажа Ангелевска.
Александра Цветковска од Националниот демократски институт (NDI) пред присутните кажа дека промените во однос на жените треба да почнат од политичките партии па после тоа би се пресликало во општеството.
– “Насилството на жените во политиката има различни форми и има за цел тоа да се спречи и да се чуе гласно гласот на жените. Жртви можат да бидат дури и пратеничките од сите политички партии. Свесни сме за такви примери насекаде околу нас. Она што ќе го работиме следнава година заедно со УЖ и со другите форуми е да видиме конкретни податоци кои заедно со истражувањата и со различни фокус групи имаме за цел тие податоци да ги искористиме и да спречиме повторување на насилството врз жените“ кажа Цветковска.
Оваа дебата на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ е дел од 16-дневниот активизам по повод родово базирано насилство и насилство врз жената кој ќе се одбележува во различни општински комитети. Дополнително 4-рите општински комитети: Штип, Битола, Струмица и Св. Николе ќе работат со женските форуми на сите политички партии и граѓански организации се со цел за намалување на насилството врз жените и девојчињата.