Економија 05.06.2018 09:21

Ле Мер: Уште неколку денови за да се избегне трговска војна

Ле Мер: Уште неколку денови за да се избегне трговска војна

САД имаат само неколку дена да избегнат трговска војна со своите сојузници и на Вашингтон е да направи потег со цел деескалација на тензиите што се појавија по воведувањето американски царини за увоз на челик и на алуминиум од ЕУ, Канада и Мексико, изјави францускиот министер за економија Бруно ле Мер, пренесе МИА.
По состанокот со министрите за финансии на Г7 во местото Вислер во канадската провинција Британска Колумбија, тој изјави дека ЕУ има намера да преземе контрамерки поради новите тарифи на САД.
– Се уште имаме неколку денови да преземеме неопходни чекори да избегнеме трговска војна меѓу ЕУ и САД односно трговска војна меѓу членките на Г7, изјави Ле Мер.
Тој додаде дека сега „топката е кај САД“ и од американската администрација зависи дали ќе донесе вистински одлуки за да се подобри ситуацијата и да се избегнат проблеми.