Кои се популарните локации при пребарување на огласите за работа во странство? Истражувањето на социјалните мрежи во мај покажа дека Англија, Хрватска и Германија се најпопуларните земји за работа во странство за младите, но и за повозрасните граѓани на Македонија.
Работа во Англија
Во последните години младите сѐ почесто за летните месеци бараат одговор на прашањето каде на работа, а не каде на одмор. Во Англија месечната плата за сезонска работа е меѓу 1.500 до 2.500 евра. Работата главно е врзана за земјоделство, сточарство, полјоделство, угостителство… Може да се работи од 3 до 6 месеци во зависност од договорот со агенцијата, од работодавецот, од визата…
Работа во Хрватска
Хрватска последниве години е најпопуларната дестинација за сезонска работа. Тука најмногу се бараат келнери, готвачи, шанкери, собарки… Предноста на Хравтска е близината и јазикот. Месечната заработувачка тука се движи од 800 до 2.000 евра, најчесто со вклучено сместување или храна.
Работа во Германија
За разлика од Англија каде што е потребно познавање на англискиот јазик и Хрватска, каде лесно може човек да се прилагоди со балканските јазици, Германија е еден степен потешка за прилагодување бидејќи јазикот е еден од најспецифичните за учење и користење. Но, и тоа лесно се надминува со познавање на англискиот јазик.
Што нуди Германија? Месечна плата од 1.000 до 2.500 евра, осумчасовно работно време, а дозволена е и прекувремена работа, двосменска, ако работникот е способен и желен за работа.
Голем дел од работодавачите обезбедуваат и сместување, а некои и еден оброк дневно, во зависност од агенцијата која посредува и од тоа каков договор имате со неа.
Има огласи за работни места од угостителство до сточарство и градежништво.