Актуелно 05.08.2018 20:34

Лидер“: Шекеринска доделила 650.000 на невладините на министрите Шапуриќ и Ахмедовски

Лидер“: Шекеринска доделила 650.000 на невладините на министрите Шапуриќ и Ахмедовски

Продолжуваат скандалите поврзани со доделувањето финансиски средства од Министерството за одбрана на граѓанските здруженија.

По дополнителните истражувања кои ги направи Лидер, заради големиот интерес од јавноста за претходната објава во која најдовме дека Шекеринска доделила пари на невладина во која членува, откривме уште неправилности во делењето на државните пари. Имено, две здруженија во чии раководни структури се наоѓаат министри од владата на Зоран Заев, добиле финансиски средства од Министерството за одбрана, пишува порталот.

-Од сметката на министерството за одбрана ќе се префрлат 400 000 денари на здружението „Мултикултура“. Во ова здружение, како што може да се види на нејзината веб страна, заменик претседател на Управниот одбор е Зоран Шапуриќ, министер без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, од редовите на Либерално Демократската Партија, која е коалиционен партнер на СДСМ, пишува Лидер.

Следниот скандал поврзан со доделувањето на средства од Министерството за одбрана, е поврзан со невладината организација „КХАМ“, кадешто министерството доделило 150 000 денари. Ако се погледне биографијата на Аксел Ахмедовски, актуелниот министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија, која е објавена на официјалната страна на Владата на РМ, ќе се забележи дека токму тој е основач, претседател на Управниот одбор и правен советник на невладината организација „КХАМ“. Ахмедовски е потпретседател на партијата ПЦЕР, која е коалиционен партнер на СДСМ, пишува Лидер.