Актуелно 23.10.2018 12:53

ЛИДЕР СО ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ: Николоски го разобличил материјализмот на Мијалков!

ЛИДЕР СО ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ: Николоски го разобличил материјализмот на Мијалков!

Ексклузнивни детали од седницата на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ открива Економски Лидер преку брифинг од партиски извори.

Извор на порталот, кој присуствал на седницата, вели дека еден од позвучните говори го имал потпретседателот Александар Николоски кој истакнал дека потребно е да се стави крај со матното минато на партијата и луѓето кои се најодговорни за тоа.

Николоски рекол дека има луѓе кои се материјалисти и идеалисти. И додека едни се бореле за идеали за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, други се бореле за зголемување на своето лично богатство, и заштита на својот капитал.

-Додека ВМРО-ДПМНЕ се соочуваше со тешки моменти, одење во опозиција лица како Сашо Мијалков во исто време го зголемуваа својот капитал, добиваа удел во хотел, променуваа сопственост во земјоделски задруги, формираа компании и акции во банки. И практично се доведе во ситуација едните да се бориме да го одржиме ВМРО-ДПМНЕ на власт затоа што силно верувавме дека постојат идеали, и дека се соочуваме со зло како СДСМ и Заев а тие другите се бореа за власт само да го заштитат своето лично богатство и личен комодитет и затоа прават се сега за да себе си се заштитат вклучително и коалиции со оние против кои ВМРО-ДПМНЕ жестоко се бори, СДСМ, рекол Николоски, пренесе ЛИДЕР.

Целата анализа, почитајте ја на ЛИДЕР.