Економија 19.10.2018 19:01

Лидерите на над 50 земји се собираат во Брисел, за да ги разгледааат проблемите на моменталната трговија

Лидерите на над 50 земји се собираат во Брисел, за да ги разгледааат проблемите на моменталната трговија

Лидерите на над 50 земји од Азија и Европа денеска се собираат во Брисел, за да ги разгледааат клучните проблеми во областа на моменталната трговија, односно да дадат поддршка на моменталниот меѓународен поредок, кој е критикуван од американскиот претседател Доналд Трамп.

Дванаесетата средба на врвот на Азија-Европа самитот (АСЕМ) ги собира лидерите на сите 28 членки на ЕУ и претставници на уште 23 други земји од Азија и Европа, вклучувајќи ги и премиерите на Русија, Јапонија и Кина.

Сите овие земји, односно нивните економии, учествуваат со 55% од светската трговија, 60% од населението на Земјата и 65% од светскиот бруто домашен производ.