Германскиот малопродажен ланец „Лидл“ изутринава отвори уште три маркети во Србија, а труканиците не изостанаа ниту овој пат, известуваат српските медиуми, иако нема кошкање и инциденти како на 11 октомври кога за прв пат стартуваа со работа 16 продавници ширум земјата.
Овој пат отворен е уште еден маркет во Белград, во близина на Ада Циганлија, како и во Крушевац и Панчево.
„Лидл“ сега има вкупно 19 продавници во 14 градови.
Метежот во овие продавници во Србија е поради добропознатиот сооднос на компанијата кон цената и квалитетот, а покрај тоа овие маркети секогаш нудат екстра-попусти кога се отвораат. Во овој предпразничен период во Србија ќе има и дополнителни попусти на производи до Нова Година.