Безбедносните експерти на компанијата Интернешнл СОС и Контрол риск направија листа на најопасни земји во 2019 година според која најризично е да се оди во Сирија. Кога станува збор за нашиот регион, најсигурна е Словенија, а најнесигурно Косово. Македонија спаѓа во земји со низок ризик од опасност.
Листата го покажува нивото на опасност во секоја земја и заканата за туристите од политичко насилства (вклучувајќи ги и тероризмот, револуцијата, политички мотивираните немири и војната) и социјалните немири.
Исто така, се земаат предвид и факторите како што се состојбата на индустриските односи, ефикасноста на безбедносните и итните служби и чувствителноста на земјата на природни катастрофи.
Картата содржи пет категории ризици: безначаен ризик, низок ризик, среден, висок и екстремно висок ризик.
Многу малку земји успеаја да влезат во првата категорија на незначителна опасност, како што се: Луксембург, Данска, Словенија, Швајцарија, Норвешка, Финска, Исланд и Гренланд.
Најголемиот број европски земји се сметаат за земји со низок ризик на опасност, а на овој список се Иран, Јордан, Оман, Катар, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Грузија, Азербејџан, Ерменија и Узбекистан, Канада, САД и Нов Зеланд.
Земјите со екстремна ниво на ризици се во Африка и во Средниот Исток, а тоа се Сирија, Јемен, Авганистан, Либија, Ирак, Јужен Судан, Сомалија, Појасот Газа, дел од Египет, источниот дел на Нигерија, источниот дел на Украина, Централна Африка.
Кога станува збор за нашиот регион, најсигурна земја за посета е Словенија, најнесигурно е Косово. Македонија, исто како и Хрватска, Словенија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, спаѓа во земји со низок ризик на опасност.