Двајцата екс-министри кои биле приведени синоќа, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, денеска биле нападнати во затворот во Шутка. Јанакиески се здобил со скршеница на раката, додека Ристовски завршил со пукната аркада. Јанакиески е префрлен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Подетални информации за нивната здравствена состојба се очекуваат за кратко.
Претходно, медиумите на албански јазик објавија дека денеска во затворот Шутка се случил инцидент во кој член на Кумановската група со иницијали Е.К. го претепал поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Како што пишува весникот, благодарение на интервенцијата на затворските власти, била спречена поголема несреќа.