Економија 05.07.2018 12:35

Лукаревска со закана до сите што ќе се обидат да го избегнат прогресивниот данок

Лукаревска со закана до сите што ќе се обидат да го избегнат прогресивниот данок

Прогресивното оданочување е европска практика, не би требало да предизвика зголемување на даночната евазија, вели директорката на УЈП Сања Лукаревска на гостувањето на 1ТВ.

– Многу е тешко прикривањето на приходите, со реформата на даночните пријави се врзуваме со сите банки, допираме до сите физички лица и имаме увид колку приходи имаат остварено. Ако некој смета дека може да го изигра законот, нека повели, вели таа.

Како што објаснува, прогресивното оданочување постои уште многу одана во Законот за даночни обврзници, но сега разликата е тоа што прагот од 2 милиони е намален на еден милион денари.

Сепак, Лукаревска најавува дека прогресивниот данок ќе биде тема на критики, сугестии и дебати и се надева дека на крај ќе добиеме одлично решение.