Актуелно 21.05.2018 10:23

„Магични зборови“кои можат многу да ви помогнат на работното место

„Магични зборови“кои можат многу да ви помогнат на работното место

Без разлика колку добар работник сте и колку совршено ги завршувате своите задачи, на работното место мора да бидете од помош, да дадете поддршка и да ги користите следниве неколку фрази што помагаат за напредување во кариерата.
Можам ли некако да ти помогнам?
Веројатно ви се случило повеќе од еднаш да “заглавите” со некоја задача и никако да не можете да се сетите на решението. Колку добро би ви дошла помош во тие моменти. Ако видите дека некој колега има сличен проблем, помогнете. Сигурно ќе го цени вашиот труд, а вие ќе се чувствувате одлично, бидејќи некому сте биле добредојдена поддршка.
Извини
Ова е зборот којшто некако тешко го изговараме. Извинувањето и признавањето дека не сте во право е храбар чекор, а испраќа и силна порака. Бидете голем човек – извинете се кога ќе згрешите.
Ти ветувам
Доколку некому сте му ветиле дека ќе завршите одредена задача во одредено време, направете го тоа. Не бидете човекот кој разочарува и не дозволувајте работата да трпи поради вашата неодговорност.
Одлично сработено
Луѓето сакаат нивниот труд да се признае. Ако некој од вашите соработници добие унапредување или забележите дека одлично завршил некоја работа честитајте за постигнатото.
Дали би можел/а да ми помогнеш?
Две глави мислат подобро од една. Сигурно има луѓе со свежи идеи и енергија којашто сакаат да ја споделат. Не плашете се да побарате туѓо мислење и помош од колегите. Со тоа кажувате дека го цените нивниот труд и работа.

Најнови вести