Живот 30.05.2018 13:07

Македонците добро заработуваат во Цирих, Франкфурт, Осло, Сиднеј….

Македонците добро заработуваат во Цирих, Франкфурт, Осло, Сиднеј….

„Дојче Банк“ го објави годишниот извештај за градови со највисоки плати, а на топ-листата има финансиски центри каде што работат многу Македонци.

Платите во Франфурт пораснале за повеќе од 200 долари месечно во текот на минатата година, бидејќи банките после Брегзит токму таму ја преместуваат својата работна сила.

Топ градовите се задржаа на високите позиции, ако се споредува минатогодишната листа, иако во малку различен редослед.

Прв на листата со највисоки плати е швајцарски Цирих, град каде што живеат и работат голем број Македонци, како и лица од целиот овој регион, од целиот Балкан.

Погледнете во кои градови најмногу се заработува:

1.Цирих, Швајцарија- 5.764 долари

2.Сан Франциско, САД- 4.974 долари

3.Њујорк, САД- 4.115 долари

4.Сиднеј, Австралија- 3.914 долари

5.Бостон, САД- 3.740 долари

6.Осло, Норвешка- 3.664 долари

7.Чикаго, САД- 3.650 долари

8.Копенхаген, Данска- 3.462 долари

9.Дубаи, УАЕ- 3.447 долари

10.Франкфурт, Германија- 3.389 долари

11.Лондон, Велика Британија- 3.381 долари

12.Мелбурн, Австралија- 3.263 долари

13.Сингапур, Сингапур- 3.099 долари

14.Амстердам, Холандија- 3.058 долари

15.Токио, Јапонија- 3.004 долари

16.Стокхолм, Шведска- 2.999 долари

17.Хелсинки, Финска- 2.988 долари

18.Велингтон, Нов Зеланд- 2.946 долари

19.Париз, Франција- 2.886 долари

20.Даблин, Ирска- 2.762 долари

21.Окланд, Нов Зеланд- 2.723 долари

22.Единбург, Велика Британија- 2.565 долари

23.Хонг Хонг, Хонг Хонг- 2.550 долари

24.Торонто, Канада- 2.519 долари

25.Берлин, Германија- 2.482 долари

26.Брисел, Белгија- 2.480 долари

27.Ванкувер, Канада- 2.458 долари

28.Виена- Австрија- 2.425 долари