Актуелно 19.04.2018 11:48

Македонија е на дното на Европа по економски раст

Македонија е на  дното на Европа по економски раст

Граѓаните осиромашуваат и едвај врзуваат крај со крај во месецот, а Република Македонија тоне во корупција. Инвеститорите бегаат во регионот и ја заобиколуваат земјава.

0% раст на БДП во 2017 година, 20% пад на градежништвото. Состојбата е катастрофална велат експертите . Условите во сите сегменти на економијата се лоши. Земјоделците, производители на раноградинарски култури се соочуваат со историски најниски откупни цени, произведеното наместо на пазарите завршува на депониите а се ветуваше сигурен откуп и достоинствени цени.

Платите не растат цените се покачуваат, даноците исто така, граѓаните се гневни заради неостварените ветувања дадени од страна на владата која безмалку е една година на власт. Експетите сметаат дека со вакво темпо на реформи и раст Македонија значително и дополнително  ќе заостанува во регионот. Од земја со најмногу инвестиции и најголем број на отворени работни места станавме земја која инвеститорите ја заобиколуваат додека младите не гледајќи перспектива се иселуваат.