Актуелно 07.05.2018 10:29

Македонија го губи приматот на земја со најдобри услови за инвестирање-Вучиќ: Давам пет насто подобри услови од она што го нуди Македонија

Македонија го губи приматот на земја со најдобри услови за инвестирање-Вучиќ: Давам пет насто подобри услови од она што го нуди Македонија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Истанбул им порача на турските инвеститори дека во Србија ќе добијат за најмалку пет насто подобра понуда од која било друга земја на Балканот или во Југоисточна Европа.

„Донесете ни хартија и кажете: еве ова ни понудија во Бугарија, Романија, Македонија и од нас ќе добиете најмалку пет насто подобри услови“, изјави Вучиќ и дополни дека во рок од 48 часа можат да дојдат до државниот врв кој ќе го решава секој нивни проблем.

Српскиот претседател оцени дека односите со Турција, кои сега се на високо ниво, пружаат голем потенцијал за натамошен развој на економските односи. Воедно, тој ги повика турските инвеститори да продолжат со инвестирање во Србија.

Од своја страна, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган укажа дека целта е трговската размена со Србија да достигне три милијарди евра, односно тројно повеќе од сегашната.

Македонија важеше за најатрактивна земја на Балканот и привлекуваше огромен странски капитал во вид на странски инвестиции. Денес состојбата е сосема поинаква. Експертите сметаат дека ова се должи на лошата економска политика која ја води новата влада.