Економија 17.09.2018 10:14

МАКЕДОНИЈА ПРЕД БАНКРОТ: Расте јавниот долг, дали ќе доживееме грчко сценарио?

МАКЕДОНИЈА ПРЕД БАНКРОТ: Расте јавниот долг, дали ќе доживееме грчко сценарио?

Вкупниот јавен долг на Македонија на крајот на вториот квартал од 2018 година изнесува 38,8 проценти од БДП, што претставува зголемување 0.6 п.п. во однос на претходниот квартал покажуваат најновите податоци на Народна банка


,,Промената во најголем дел произлегува од зголемувањето кај надворешниот долг ( од 33,0 на 33,4 проценти од БДП), при раст и на внатрешниот долг ( од 15,2 на 15,4 од БДП). Вкупниот државен долг и долгот на јавните претпријатија (за кој државата има издадено државна гаранција) во вториот квартал се зголемија за 0,3 п.п. и 0,2 п.п. од БДП, соодветно’’, соопшти НБРМ

И покрај енормните задолжувања, реализацијата на државните инвестиции во Република Македонија целосно потфрли, согласно објавените податоци на Министерството за финансии. Продолжува рекордно ниското ниво на капитални инвестиции и покрај владините најави дека реализацијата ќе се забрза.
Податоците на Министерството за финансии покажуваат дека во перидот од јануари до јули годинава се реализирани само 21,33 отсто од планираните капитални инвестиции за целата година. Ова е убедливо најмалку во последната деценија. За годинава беа планирани 392 милиони евра за капитални инвестиции.