Актуелно 24.07.2018 16:33

Македонското МНР со нови информации по пожарите во околината на Атина

Македонското МНР со нови информации по пожарите во околината на Атина

Заклучно со 15:00 часот, македонски државјани не се обратиле за помош во нашата Канцеларија за врски во Атина, соопштија денеска од македоснкото МНР.

Наведуваат дека во моментов немаат официјални информации од грчките институции за жртвите и повредените во катастрофалните пожари.

Од МНР препорачуваат државјаните на Република Македонија да избегнуваат патувања во регионите зафатени од пожарите. Контакт телефонот на Канцеларијата за врски во Атина е 0030 694 474 3071.