Актуелно 12.10.2018 20:24

Марин побара од „Макфакс“ да променат наслов на вест за него

Марин побара од „Макфакс“ да променат наслов на вест за него

Општина Аеродром испрати барање за промена на насловот „Марин вети решение за градбата кај ‘Мајчин дом’ за 10 дена“ на текст објавен на „Макфакс“ по вонредната седница. Од Општината наведуваат дека градоначалникот Златко Марин не ветил дека ќе има решение, туку дека ќе се обиде и ќе направи сè за да не се изгради зграда кај „Мајчин дом“, пишува Макфакс.

„Почитувани, потенцираме дека градоначалникот Златко Марин го изјави следното: ‘Се надевам дека ќе има одлука до тогаш, сè ќе сторам за таму да нема зграда’, изјава што ја имате објавено и во вашиот текст. Во однос на тоа ве замолуваме да го смените насловот во вашата објава и во лидот на веста бидејќи насловот не соодветствува со изјавата ( која е коректно пренесена) и ја доведува јавноста во заблуда“, пишува во реакцијата од Општина Аеродром.

Повеќе на Мафакс