Актуелно 14.02.2019 12:40

Меѓу загинатите и кошаркар на КК Гостивар

Меѓу загинатите и кошаркар на КК Гостивар

Сообраќајната несреќа во која животот го загубија 14 лица ја шокира македонската јавност.  Раководството на КК Гостивар денес со соопштение побара одложување на завршниот турнир од Купот на Македонија.

Во големата несреќа животот го загуби и Јовица Трпевски, кој настапуваше за вториот тим на Гостивар.

„Поради трагичната несреќа која го погоди нашиот град, Кошаркарскиот клуб Гостивар најдлабоко жали за огромниот број сограѓани кои ги изгубија своите животи и соочуствуваме со нивните семејства, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Ја информираме јавноста и МКФ дека КК Гостивар не е во состојба да учествува на престојниот Куп на Македонија и бараме безусловно одложување на истиот. Во трагичниот настан, животот го загуби и нашиот играч Јовица Трпевски, ги одлагаме сите натпревари од Втората и младинските лиги закажани за викендов“, се вели во соопштението.

Се очекува да се изјасни Македонската кошаркарска федерација, која веќе ги дефинира последните детали за организацијата на Куп-завршницата во Гевгелија.

Извор: gol.mk