Актуелно 05.11.2018 12:09

Мешаница по судовите: Груевски денеска на две, а неговите адвокати на три судења во ист термин

Мешаница по судовите: Груевски денеска на две, а неговите адвокати на три судења во ист термин

Барањето за поголема динамика на предметите од страна на специјалната обвинителка Катица Јанева направи вистинска мешаница по судовите.

Се закажуваат судења во ист ден ист час, а судиите воопшто не се искоординирани и се натпреваруваат помеѓу себе чие рочиште е поважно, поприоритетно и не смее да се откажува.

Денеска Никола Груевски мораше да присуствува на рочиштето за предметот „Општина Центар“, а во исто време беше закажан и предметот „Титаник”.

Обвинетиот Мумир Пепиќ пак, требаше да го напушти судењето за Титаник и со својот адвокат Еленко Миланов да оди на рочиштето за 27 април, но судијата Осман Шабани не дозволи Пепиќ да ја напушти судницата, па бранителот Миланов отиде сам да го презакажува судењето кај судијата Добрила Кацарска.

Адвокатите буквално трчаа од новата до старата зграда и обратно, поднесувајќи до советите барања за откажување на некои од рочиштата.