Актуелно 18.02.2019 08:40

Груевски за Пинк: Политичкиот прогон е срам за Македонија

Груевски за Пинк: Политичкиот прогон е срам за Македонија

Од Тирана, преку Црна Гора и Србија стигнав во Унгарија. Како што веќе е познато, превозот ми е обезбеден од страна на унгарската дипломатија. Кога стигнав во Тирана, побарав политички азил, поради политички проблеми. После извесен период бев примен во амбасадата и бев известен дека ќе ми обезбедат превоз до унгарската граница, каде таа држава одлучи да ми даде азил поради политички проблеми, вели Груевски за Пинк.

Тој објаснува дека Унгарија е членка на ЕУ и НАТО и дека во неа може да добие вид на престој, со кој е заштитен од понатамошен политички проблем. Додава дека политичкиот прогон е голема срамота за Македонија, и дека не знае како понатаму властите планираат да зборуваат за функционална демократија, кога државата членка на ЕУ доделува политички азил на поранешен премиер поради политички проблеми.

Се среќаваме со сериозни политички проблеми од страна на актуелната власт, посочува Груевски.