Актуелно,Мозаик 07.02.2019 21:24

Метеоролозите со нови најави: По пролетниот викенд пресврт- од вторник голема промена на времето

Метеоролозите со нови најави: По пролетниот викенд пресврт- од вторник голема промена на времето

До понеделник под влијание на топла воздушна маса и јужно воздушно струење ќе имаме натпросечно високи максимални температури на воздухот кој во недела и во понеделник ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени, времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност.

Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини ќе има услови за магла и за ниска облачност.

Во понеделник ќе започне да дува засилен јужен и југозападен ветер што ќе биде најава за голема промена на времето уште од понеделник навечер и во текот на ноќта кон вторник кога ќе има врнежи од дожд и снег на планините.

Во текот на ноќта понеделник кон вторник под влијание на нов студен бран ветерот од јужен и од југозападен правец ќе го смени во северен па така и температурите ќе бидат во значително опасѓање.

Токму ова ќе услови врнежите од дожд да поминуваат во снег како на повисоките места, така и на пониските.

Повремени врнежи од снег ќе има и во вторник додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 6 степени додека само на крајниот југоисток истите можно е да се искачат до околу 10 степени.

Уште постудено време ќе имаме од среда кога минималните температури насекаде ќе се спуштаат под нулата и на некои места можно е да се спуштат и под -10 степени, максималните дневни пак ќе се искачуваат во интервалот од -4 до 4 степени, на повисоките и планинските места истите ќе бидат многу пониски и ќе се спуштаат и под -5 степени.

Најнови вести