Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека во Република Македонија институциите се приватизирани од страна на луѓе кои ги именувала Владата и истата во очај ги моли односно ги задолжува да соберат сили и да подработат нешто и на истата седница, функционерите кои ги именувала и на кои што не им верува, измислува незаконска надлежност за Агенција за вработување на Република Македонија и ја задолжува иако Владата на Република Македонија не може да задолжи јавната институција, може само да препорача да не спроведува вработувања.
-Министерот Дамјан Манчевски, освен што е збунет и затечен од своето незнаење, доволно ќе беше до сега барем да го прочита Законот за вработените во јавниот сектор обвинува за неодговорно работење претходната влада од 2016 година, од 2017 година, но незаконското работење на министерот Дамјан Манчевски го потврдува и сегашната Влада на 14.08.2018 година. Доказ дека не е проблемот во претходната власт е записникот од осумдесет и третата седница на Влада на Република Македонија одржана на 14.08.2018 година. Дефинитивно на вас и на оваа влада е проблемот, во која и ти си член и твојата влада нема доверба во Министерот Дамјан Манчевски и ја задолжува Агенцијата за вработување да не ги пријавува вработените без да достават годишен план за вработување. Несомнен е и фактот дека и Владата не ги почитува законите, поточно во недостиг на координација и апсолутно непознавање на законите, задолжува погрешна институција да им ги контролира хаотичните вработувања, а притоа имаат многу јасна одредба во законот во која Агенцијата за администрација врз основа на Закон ги добива годишните планови и без годишен план за вработување не смее да објави оглас, изјави денеска на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.
Мицевски го праша Дамјан Манчевски која Влада сега е неодговорна
Мицевски кажа дека да не бидат несериозни како што сте тие и дополнително ги прашуваат:
1.Кои се институциите кои не доставиле годишен план за вработување за 2019 година?
2.Кои се институциите кои не доставиле Извештај за реализација на годишните планови?
3.Дали повторно незаконски ќе го пролонгирате рокот за доставување на годишните планови за вработување за 2019 година да потсетиме дека антидатирање е кривично дело исто така?
-Прекршочните одредби односно член 46 од Законот за вработените во јавниот сектор јасно ја определуваат глобата за функционерите кои раководат со институциите, додека Кривичниот закон, Законот за Влада, Законот за буџети сериозно ви претставуваат проблем на вас и на сите инволвирани во незаконските вработувања. Дополнително се прашуваме колку сме гласни и колку пати треба вие да си ја признаете вината на вашето непримерно и дрско непочитување на законите!, изјави Мицевски.