Актуелно 09.02.2019 15:17

Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ во соработка со НДИ викендов во Струга работи на „Рефлектирање за минатото и планирање за иднината“

Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ во соработка со НДИ викендов во Струга работи на „Рефлектирање за минатото и планирање за иднината“

Во организација на ВМРО-ДПМНЕ и Националниот Демократски Институт (НДИ) од САД во Струга викендов се одржува дводневен настан насловен како „Рефлектираме за минатото и планираме за иднината“.

На настанот освен претседателот Христијан Мицкоски присутно е речиси целото раководство на партијата, членови на Пратеничката група како и членови на Извршниот комитет.

-Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ заедно со раководството, членовите на Извршниот комитет и другите структури на ВМРО-ДПМНЕ викендов се наоѓа во Струга каде работиме на подигнување на капацитетите и подготовка за наредните избори, ова денеска од Струга за КУРИР го изјави Никола Мицевски, координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија.

Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ со сите свои потенцијали и структури работи на програмата за наредните избори на кои што тие како ВМРО-ДПМНЕ размислуваат за победа.

Инаку, целта на дводневниот настан кој го организира ВМРО-ДПМНЕ во соработка со НДИ, е градење на нови политики и обука на раководството и пратеничката група на партијата.

НДИ е една од највлијателните политички организации во САД која има долгогодишна соработка со ВМРО-ДПМНЕ помагајќи ги во континуитет внатрепартиските процеси на реформи, реструктуирање и подготвување на нови програми.

Најнови вести