Актуелно 28.01.2019 15:19

Мицевски: Законот за трговија на зелени пазари поднесен од ВМРО-ДПМНЕ по итна постапка не е ставен на денешната седница

Мицевски: Законот за трговија на зелени пазари поднесен од ВМРО-ДПМНЕ по итна постапка не е ставен на денешната седница

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе закон за трговија на зелени пазари и тоа го поднесе по итна постапка но законот не е ставен на денешната седница на Собранието, изјави Никола Мицевски, координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ при заседавање на денешната седница во Собрание на Република Македонија.

Мицевски образложи дека имајќи ја во обѕир итноста и она се што значи во јавноста и она што проструи изминативе денови како важна информација се бара престанување на важење на законот за зелени пазари.

Зошто го бараме ова? Бидејќи ваквото брзоплето и несериозно носење на законот за трговија не донесе во состојба да имаме реакција на над 20-25.000 луѓе кои што закупуваат тезги. Имајќи ја во предвид итноста и проблемот кој што може да настане владејачкото мнозинство побара одложување на законот. Меѓутоа морам да алармирам дека со самото одложување ние нема да го решиме проблемот. Од таа причина бараме да се врати старото законско решение односно законот за зелени пазари да престане да важи да се вратиме на старото решение и во една нормална атмосфера, во една нормална состојба да побараме средба со сите заинтересирани страни. Односно тезгаџиите, луѓето кои што работат на пазари, организираторите на пазари, како и коморите кои што исто така се заинтересирани. Да седнат и да изнајдеме едно заедничко решение, посочи Мицевски.